Најтешко е да се живее со искрена и чесна жена | Зошто врската со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик

529

Многу мажи велат дека чесноста е таа што ја сакаат во секоја врска и ги обвинуваат жените за манипулација и нечесност.

Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена личност, многу брзо ќе востановат дека чесноста воопшто не е таа што ја замислувале, и дека најчесто е – непријатна. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат искрени во сè.

Таа не се двоуми да ви ја каже вистината

Можеби и се двоуми, но на крајот ја кажува вистината, затоа што тоа е она што најдобро и оди. Оваа вистина можеби е смешна, болна, срамна, крајно неповолни за неа, или крајно предизвикувачки за вас, но таа ќе ви ја каже, таква каква е. Ако не сте навикнати на отвореност и непосредност, ќе се збуните, а веројатно и навредите, но тоа е ваш проблем – а таа и на ова ќе ви сврти внимание – пишува Wannabe Magazine.

Таа поставува незгодни прашања

Можеби нејзините прашања се премногу длабоки, или премногу лични, бараат да се размислува за чувствителни работи кои ги потиснувате, или отвораат болни теми, кои најлесно би ги заобишле. Со незгодните прашања и тешките одговори, таа е сосем на свој терен, а вие – на лизгав.

Таа ги урнува вашите ѕидови

Искрената жена со сигурно знае дека имате запирања, одбранбени механизми и емоционални ѕидови кои само треба да се урнат и таа тоа го прави. Таа ги надминува вашите граници и прецизно ги наоѓа слабите точки во вашите ѕидови. Со неа сте постојано надвор од зоната на комфорот и малку со страв очекувате што е следното, но во едно може да бидете сигурни – што и да ја прашате, ќе добиете искрен одговор.

Продолжува на страна 2