Најтешко е да се живее со искрена и чесна жена | Зошто врската со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик

2675

Таа зборува отворено за своите чувства

Нејзиниот отворен пристап за вас можеби е премногу агресивен, па кога ќе се поставите во дефанзива во однос на своите барања (што бара во врската и она што и пречи), ќе се најдете целосно збунети и разоружени пред нејзината ранливост, која, исто така, воопшто не ја крие. Таа е отворена во однос на сите свои чувства, а нивниот опсег е толку широк, длабок и комплексен што ќе ви се сврти во главата. Како може некој да ги чувствува сите овие чувства одеднаш?

Таа не игра емотивни игра

Верува во вистинска љубов и помалку од тоа не ја интересира. Ако сте научени на емотивна игра, на скриени значења и потреба нечии зборови и однесување да толкувате и откривате, ќе бидете фатени. Кај неа се е на отворено и подобро да и верувате кога ќе каже дека тоа е така како што кажува, отколку залудно да трагате за скриеното значење и да се прашувате што е тоа што сака да каже и да постигне. Можеби ви е непријатно што некој толку ги изложува своите желби и очекувања, можеби мислите дека жената треба да биде таинствена и да ви овозможи да ја разоткривате и дека љубовта би требала да биде романтична и нежна, но тогаш многу ќе се намачите со искрената жена. Таа е романтична и нежна, но исто така е практична и не трпи глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов. Обидете се да научите нешто од неа.

Таа нема да ви ја засладува вистината полесно да ја проголтате

И еве ја нејзината најголема, а можеби и неподнослива маана – неа не ја интересира да се занимава со негување и одржување на вашето его. Таму каде што некоја сосем поинаква жена би ве тинтрала, поттикнувала, упатувала, или би ви ја криела вистината на сите начини, за да со заобиколни патишта (кои одат околу вашето его и не му се закануваат) пристигне до целната (која вие не можете да ја видите), искрено ќе ве погоди вистината, како тупаница во брада. Таа може да ви ја зашеќери горчливата пилула, верувајте, не е неспособна тоа да го стори. Ако се нафати, таа ќе работи против себе и против вас – и ќе ве презире што воопшто сте побарале да ве тинтраат, таму каде што треба да се добие добар ќотек за да ја запознаете границите на својата моќ. Со тоа што ви задава директ во гордоста, таа ви покажува почит и доверба – тоа не е ароганција и желба да ве повреди, туку свест за тоа дека е способна и должна да чувствува и резонира, а за да го направи тоа правилно треба да располага со точни информации. Таа ви го дава она најдоброто од себе – чесноста и отвореноста, а вие навредувакте се, ако за тоа не сте дораснати.

Објавено Септември ‎26, ‎2017, ‏‎9:31:32 AM