Посилниот пол преферира месојади претставнички на понежниот

174

Мажите ги сакаат жените кои јадат месо, а не вегетаријанките. Ова го покажува анкетата на психолози кои се интересирале какви жени претпочита посилниот пол од аспект на прехранбените ставови.

Околу 75% од мажите ги преферираат жените кои сакаат месо, тие им изгледаат попривлечни. Тогаш психолозите одлучиле да разјаснат зошто е така. Излегува дека врз изборот на мажите играат улога огромно количество фактори – психолошки и физиолошки.

Овој збир влијае моментално врз посилниот пол, уште во првите 7 секунди од односите мажот може да утврди дали жената му се допаѓа.

Меѓу психолошките фактори е тоа дека месојадите жени изгледаат сексапилни, страствени, држејќи се до некои животински квалитети – и тоа ги привлекува мажите. Второ, мажите сметаат дека љубителките на месната храна им се поблиски по дух, зашто месото се смета за машки тип храна.

Друга причина е дека младите луѓе ги сметаат месојадите жени за добри готвачи. Значи жените вегетаријанки отстапуваат во трите показатели.