Нова научна студија открила дека “мртвата зона” во Арапското Море е најголема во светот, пишува “Live Science”.
Мртвите зони се подрачја на морето кои имаат недостаток на кислород, каде што можат да преживеат само мал број на организми. Тие се појавуваат во длабочините на морето во распон од 200-800 метри, кога приливот на хемикалии го поттикнува растот на алгите, што доведува до намалување на кислородот. На пример, во Оманскиот залив мртвата зона постои со децении, но последен пат е истраена во деведесеттите години.
Неодамна, истражувачите се вратиле во овој заливот и сфатиле дека мртвата зона се проширила далеку повеќе отколку што се очекувало, наведувајќи сериозна загриженост за иднината на локалните рибари и еко-системот, објавено е во новата студија.
“Океаните се задушуваат”, се вели во соопштението на авторите на истражувањето Bastien Kveste, морскиот биогеохемичар и истражувач од Универзитетот “Ист Англија” во Англија.

“На сите риби, морски растенија и други животни им треба кислород, но таму повеќе не можат да преживеат”, се заклучува.
Истражувачите на лице место
Оманскиот залив, кој опфаќа 181.000 квадратни километри, го поврзува Арапското Море со Персискиот Залив, а за научниците долго време беше недостапен за истражување поради политичката нестабилност на регионот и заканата од пирати.

Но, со користење на две нуркачки подморници “Сиглајдерс”, научниците успеале да ја истражат мртвата зона од безбедно растојание. Автономните подводни возила (Autonomous Underwater Vehicles — AUV) се движат полека, мали се и лесни, и иако тие користат многу мала сила, можат да патуваат илјадници километри и да ја достигнат длабочината од илјада метри, се наведува на веб-страницата на Интернет производителите, пишува Live Science.

Во текот на осум месеци, овие возила собрале податоци за нивото на кислородот, а потоа ги пренеле резултатите до научниците со помош на сателит. Истражувачите потоа користеле компјутерски модели за да ги визуелизираат струите кои го снабдуваат со кислород во заливот. Тие откриле дека област која е сиромашна со кислород драматично се зголемила, а неговата мала количина, која некогаш била во осиромашената област – врз основа на податоците од деведесеттите години – значително се исцрпила, оставајќи поголеми области без токму овој елемент.
Промената била многу поголема од предвидените компјутерски модели, известиле авторите на студијата. Забрзаната загуба на кислородот делумно може да се објасни со климатските промени, бидејќи потоплите води во близина на морската површина го попречуваат задржувањето и циркулацијата на кислородот.

Арапското Море е дом на многу риби, вклучувајќи и неколку видови кои се прилагодени на пониско ниво на кислород. Но, резултатите на истражувањето покажуваат дека таа област со осиромашен кислород во Оманскиот залив е многу полоша отколку што тие замислувале – а тоа не е само прашање за морските суштества.
“Тоа е вистински проблем за животната средина, со последици за луѓето кои се потпираат на морето за храна и вработување”, рече Bastien Kveste.
Live Science објави дека резултатите биле објавени на интернет на 27 април во списанието “Geophysical Research Letters”.



















