Слониците Дуња и Даела претставени во Скопската зоолошка градина | Фото

1855

Во Зоолошката градина во Скопје вчера беше забележан рекорден број посетители кои дојдоа да ги видат двете нови слоници Дуња и Даела.

Според информации од Зоолошката градина, продадени биле над 10.000 влезници. Новина е и ангажирање на волонтери кои ќе внимаваат на посетителите да не ги хранат животните бидејќи тие имаат посебен режим на исхрана.

Слониците доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Новото живеалиште кое е изградено за нив, има отворен и затворен дел и е направено според најсовремени стандарди.

Отворањето е во рамки на настанот „За европска Зоолошка“. За забавата на најмладите посетители настапија членовите на „Златно славејче“ и детската атракција Пет+бенд.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.