Во САД ќе “подмладуваат со крв” за 8000 $

1476

Методот е базиран врз истражувања на парабиоза кај глувци, при што крвните системи на стари и млади глодари се соединети. Предметната фирма е основана од страна на д-р Џеси Кармазин.

Тој има намера да го истражува подмладувачкото дејствие на крвната плазма на млади луѓе, која ќе биде дадена 35-годишни волонтери.

Во експериментот ќе учествуваат 600 лица, кои ќе платат по 8.000 долари. Возраста на донаторите не треба да надминува 25 години. Секој примач ќе добие 1,5 литри крвна плазма на растојание од два дена.

Пред постапката и еден месец по неа крвта на доброволците ќе биде испитана за биохемиските промени. Учесниците треба да ги покријат трошоците за добивање на крвна плазма од банката за крв, лабораториски анализи и осигурување.

Експериментот веќе беше критикуван од некои специјалисти. Според нив нема клинички докази дека тестовите со луѓе ќе се успешни.

Тони Вис-Кореј – авторот на истражувањето од 2014 година, што покажа корисен ефект од крвта од млади глувци врз организмот на постари нивни средници, смета дека ваквите истражувања ја злоупотребуваат довербата на луѓето и предизвикуваат непотребно јавно возбуда.

Вис-Кореј е основач на компанијата Alkahest во Стенфорд и врши истражувања за влијанието на крвната плазма на млади луѓе на 18 доброволци, болни од Алцхајмеровата болест.

dailymail.co.uk

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Повеќе на оваа тема на следниот линк: 

Вампирски еликсир на младоста | Тинејџерската крв серум на долговечноста на алчната елита!