Вампирски еликсир на младоста | Тинејџерската крв серум на долговечноста на алчната елита!

997

Објавено June 26, 2017. Прочитано 2716

Со години интернетот изобилува со статии во кои се наведува дека крвта на малолетниците (па дури и деца), е главниот извор на младоста и долговечноста на психопатската елита.

Интернетот е преплавен со статии за принесување човечки жртви, канибализам и почести скандали поврзани со елитни педофили и оние чија “забава” е како најлоша хорор приказна. Mainstream медиумите, таквите статии обично ги прозиваат за теории на заговор кои немаат никаква врска со вистината.

Но една “теорија на заговор” стана факт и тоа благодарение на објава на една научна работа за чија апликација супер-богата постара елита плаќала многу пари, бидејќи мисли дека конечно ѝ е на дофат еликсирот на младоста. Тоа е процесот на парабиоза, поточно уфрлање на крв од што помлади луѓе во телото на старците.

Во енциклопедијата се наведува дека парабиозата е заеднички живот на два организми кои се поврзани на вештачки (оперативен) начин, обично преку воспоставување → анастомоза помеѓу крвните садови. Парабиозата особено се применува во имунологијата и експерименталната ендокринологија, заради проучување на меѓусебно влијание на два организми. Најуспешните такви експерименти биле изведени на белите стаорци, а послужиле како појаснување на некои хормонални механизми и проблеми за прифаќање, одн. отфрлање на трансплантирани тумори. – Во природата анатомска и физиолошка поврзаност помеѓу два организми се среќаваат кај → сијамските близнаци.

Но, сепак модерната парабиоза се најде во фокусот на интересот на алчната елита дури по 2014 година, кога научникот невролог Tony Wyss-Coray објавил научна студија во списанието Science и Nature Medicine под име: Young blood reverses age-related impairments in cognitive function and synaptic plasticity in mice, во која открива дека со трансфузија на крв на младите глувци во телото на стариот глушец се намалиле дури и се поништиле ефектите на староста и геријатриската болест. Дополнителните студии откриваат дека постојани трансфузии на крв кај стари глувци предизвикуваат подмладување, регенерација на ткивото, враќањето на нормалната когнициска функција и секаква виталност.

Советникот на Трамп Jesse Karmazin веќе заработува на продажбата на крв од тинејџерите, и ги снабдува модерните вампири со нивниот еликсир на младоста.

По објавувањето на оваа студија, Jesse Karmazin ја активирал компанијата Ambrosia LLC која почнала да врши клинички испитувања на трансфузија на крвта на тинејџерите на старите лица и веќе има голем број на нетрпеливи супер-богаташи кои чекаат во ред за доза крв.

Vanity Fair објавил дека Ambrozia добива крв на тинејџери од легални банки крв и дека сега за сега работи со стотина супер-богаташи кои крвниот еликсир на младоста го добиваат на неколку месеци и плаќаат големи суми на пари за тоа.

Peter Thiel – модерен супер богат “вампир” кој е заинтересиран за продолжување на животот и спречување на стареењето со помош на парабиоза, поточно трансфузија на тинејџерска крв во неговото тело.

Peter Thiel, милијардер, основач на PayPal и советник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, околу крвниот еликсир на младоста за списанието Inc изјавил:

“Ме интересира парабиозата за која мислам дека е многу интересна. Научниците ја префрлиле крвта на младите глувци во старите глувци и откриле дека таквата крв има подмладувачки ефект. Мислам дека многу од овие работи не се доволно истражени.”

Првиот медиум кои сериозно се позанимавал со темната страна на парабиозата е Viceov Tonic. Во нивниот краток видео прирачник јасно е дадено до знаење како богати стари луѓе ја користат крвта на тинејџерите за да живеат подолго.

Ајде да го погледнеме видеото.

Продолжува на страна 2