Вампирски еликсир на младоста | Тинејџерската крв серум на долговечноста на алчната елита!

2986

Новинарот на Vox Jeff Bercovici исто така, направил свое истражување и дошол до истиот заклучок. Тој ја интервјуирал технолошката елита на Силиконската долина во Калифорнија која признала дека е опседната со подмладување и продолжување животот. Peter Thiel без воздржаност му објаснил на Bercovici дека парабиозата има “големи можности”. Еве еден извадок од неговата статија:

Jeff Bercovici

“Во Силиконската долина нашироко циркулираат гласини дека науката за продолжување на животот е популарна опсесија, и дека многу богати луѓе од светот на технологијата веќе почнале со практикување парабиоза, трошејќи при тоа десетици илјади долари да добијат крв на тинејџери, и да ја повторуваат оваа практика неколку пати во годината.”

Bercovici го заклучил своето истражување со отворено сомневање дека високата побарувачка за тинејџерска крв го овозможува црниот пазар на крв, и дека гангстерите и мрачните организации би можеле да пристапат кон “вшмукување” на секоја капка крв на децата и тинејџерите кои ќе им паднат во рака.

Поради зголемената побарувачка на крв од сè помлади донатори, каде е границата на човечката алчност, без разлика дали модерните вампири ќе создадат друга индустрија за смрт во која децата бездомниците и бегалците ќе ги цицаат до последната капка крв за да психопатската елита живее уште неколку години.

Се разбира, нема ништо лошо во тоа, ако тинејџерите одлучат доброволно или со согласност на родителите да им ја дадат својата крв, тоа е благороден потег кој ги спасува животите, но ајде да се запрашаме: Во каков свет живееме и колку работи се чинат против слободната волја на луѓето, од продажба на децата и жените во човечки робови, до принудување децата на проституција и сѐ поголем тренд на убивање деца и млади за да нивните органи бидат продавани на црниот пазар?

Понеризираното човечко општество и психопатска елита не се воздржува од човечкото жртвување, најмногу во форма на војување, а сѐ со цел да добијат повеќе моќ и пари, како што природно се случувало и во минатото, а во некои случаи историските факти личат на хорор приказни. Познато е дека голем број британски монарси користеле т.н. “мртвачки лекови” да се излекуваат и да ја вратат виталноста. Charles II дури самиот ги подготвувал канибалските пијалаци, додека лекарите мртвачките лекови им ги подготвувале на Francisu I, Елизабета прва, William III и кралицата Mary. Слична страва практикувале шпанските и австро-унгарските монарси и нивното благородништво.

За некроманијата, некрофилијата, канибализмот и мртвачките лекови меѓу аристократијата на Европа, можете да дознаете повеќе од работата на др. Richard Sugga од Универзитетот Durham:

“Човечкото тело на долго и на широко се користело како терапевтски агенс во најпопуларните третмани кои користеле човечко месо, коски и крв. Канибализам не е само пронајден во Новиот свет, туку бил прилично чест и во Европа.”

Британски крал – Иван без Земја

Ако размислиме малку за овие зборови, тогаш не нè изненадува дека денешното британско кралско семејство е во директно сродство со оригиналниот “Дракула”, поточно со кралот на Влашка (дел од средновековна Романија) Влад Тепеш Дракула, а речиси сите американски претседатели се во сродство со најомразениот британски крал – Иван без Земја.

И покрај похотата (претерана, неумерена полова страст, еден од седумте смртни гревови) на модерните вампири за еликсирот на младоста, поточно тинејџерската крв, Tony Wyss-Coray, кој направил студија за крвната парабиоза на глувците, смета дека не постојат клинички докази за тоа дека третманот е ефективен, поточно, дека има некакви позитивни ефекти, и дека, всушност се искористува довербата на луѓето со зголемување на страста за истата.

VAMPIRSKI ELIKSIR MLADOSTI: Krv tinejdžera serum dugovječnosti pohlepne elite!

Автор: Ljubica Šaran