Мистериите на антички Египет | Откриена тајната на “Мумијата што вреска” | Фото/Видео

230

Во 1881 година, во Египет е откриена мумија – различна од другите. Врзана, задавена и со лицето стиснато од болка. Неколку децении подоцна, во 2012 година, научниците ја откриле приказната која се крие зад оваа мумија.

Во 1881 година, германскиот египетолог Emil Burh влегол во гробницата DB320 – место што подоцна ќе стане познато како Deir el-Bahri. Оваа гробница прво ја открила фамилијата Abd el Rasul, од локалните селани, која со години подоцна заработувала за живот со продажба на антиквитети на црниот пазар. Кога властите ги откриле, ова семејство морало да и ја каже локацијата на Службата за антиквитети каде што тогаш работел Бурх.

Во една гробница, Бурл открил повеќе од педесет мумии кои припаѓале на кралски семејства од 18, 19 и 20 династија, вклучувајќи важни имиња како Тутмос III, Сети I, Рамзес II и Рамзес III. Сите овие мумии ги донеле овде свештеници за време на владеењето на 21-та династија, со цел да ги заштитат од разбојниците на гробниците кои грабеле во тој период.

Кога меѓу благородните мумии наишол на една сосема поинаква, не можел да се начуди. Мумијата немала никаков вид на идентификација, иако била балсамирана со квалитетни материјали. Но, материјалот со која е балсамиран, не е причината што научниците зјапале во неа, туку поради изразот на стиснатото лице од страшна болка, замрзнато во вечна агонија.

Сите мумии биле пренесени во Музејот Булак, претходникот на Египетскиот музеј во Каиро. За време на анализата, утврдено е дека „мумијата што вреска“ е мумија на млад човек (на возраст од 20 до 25 години), дека рацете и нозете му се врзани и дека е завиткан во овча кожа (животно кое се сметало за нечисто). Имал очигледни знаци на задушување на вратот. И, процесот на мумификација бил различен: телото било оставено да се исуши во сода, а потоа во устата му било истурено малку смола за да биде отворена. Неидентификуваната мумија го добила името Individua E и била сместена во магацин каде поминала децении.

Кој е овој млад човек и што сторил за да заслужи вакво сурово постапување?

По неколку децении, во 2012 година, научниците повторно се посветиле на откривање на мистеријата на „мумијата што вреска“. Првата трага ги однела, ни помалку ни повеќе, туку до Рамзес III, фараонот на 20-та династија. Мумијата на овој фараон лежела илјадници години во истата гробница како Individua E.

Благодарение на Антонио Чарлс Харис (1790-1869) кој го дешифрирал таканаречениот Папирус од Торино, знаеме дека на смртта на Рамзес III му претходел заговор инициран и организиран од неговата втора сопруга Тити, кога дознала дека нејзиниот син Пентавер нема да биде наследник на тронот. Наводите од папирусот биле докажани и со преглед на телото на фараонот, на кое има траги од пресечено грло.

Според папирусот, учесниците во заговорот биле осудени на смрт, нивните тела биле изгорени, а пепелта расфрлана.

Имајќи ги предвид овие информации, дали е можно мумијата на Individua E да е принцот Пентавер?

Бројни египтолози се сомневале во оваа претпоставка долго време, сè додека во 2012 година, научникот Заху Хавес одлучил да спроведе истражување ДНК на двете мумии – со цел да утврди дали се поврзани. Резултатот бил позитивен: Individua E е синот на Рамзес III (резултатот од оваа студија е објавен во престижниот British Medical Journal).

Од сите овие извори може да се заклучи само дека страшни работи се случиле на крајот на триесетгодишното владеење на фараонот Рамзес III, во 1153 година п.н.е.

Во овој заговор учествувале и придружниците на кралицата Тити, но и свештеници и службеници, како и неговиот син. Знаеме дека заговорот бил успешен и дека владетелот бил убиен, но не е познато што тргнало наопаку. Убијците биле уапсени и осудени, а благодарение на папирусот, знаеме што се случи со нив. И сега се знае што се случило со Пентавер – тој бил задавен, а потоа мумифициран за никогаш да не најде вечен мир.

Зошто Пентавер бил казнет на друг начин за разлика од другите заговорници?

Истражувачите поставуваат неколку хипотези. Некои веруваат дека тоа било обид да се спаси телото на принцот (затоа што останатите заговорници биле изгорени), додека други сметаат дека на овој начин му било обезбедено вечно страдање.

Уште една интересна работа што научниците ја откриле е дека принцот всушност не се викал Пентавер. Тој во официјалните документи бил преименуван, за да исчезне неговото вистинско име. Со бришењето на името би требало да го спречи да остане запомнат во историјата.

Но, за Пентавер, оваа казна го направи токму спротивното. Неговото вистинско име можеби никогаш нема да го дознаеме, но сигурно нема никогаш да биде заборавено.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.