Мистеријата за којa со години се шпекулира | Скелет со вонземско потекло | Видео

1455

Тестирањата над 15 сантиметри долги мумифицирани остатоци пронајдени во напуштениот рударски град La Noria во пустината Атакама во Чиле, потврдиле дека станува збор за девојче со неколку мутации на гените, а не за вонземјанин како со години се шпекулирало.

И покрај тоа што било со големина на фетус, првичните тестови сугерирале дека коските се на дете на возраст меѓу шест и осум години, пренесува BBC.

Но, сега, 15 години по откривањето, научниците издвоиле ДНК од коските за да ја дознаат вистината за мумијата наречена Ата, а тестовите индицираат дека проценетата возраст на коските и другите аномалии се само резултат на генетска мутација.

Нејзината големина, но и формата на главата, како и недостатокот на ребра, со години предизвикувале сомневања за потеклото. Дури снимен е и документарен филм Сириус, кој укажува на тоа дека нејзините остатоци би можеле да бидат доказ дека Земјата ја посетиле вонземјани.

Но, тие шпекулации сега се целосно демантирани. Имено, веќе претходно било откриено дека пронајдените остатоци кои биле завиткани во бело платно и врзани со пурпурна лента – се човечки. Сепак, последните тестирања покажале дека Ата било очигледно мртвородено девојче или починала веднаш по раѓањето, со катастрофални мутации кои го обликувале нејзиното необично тело.

По пронајдокот, нејзиниот скелет бил продаден на приватен колекционер во Шпанија.

“Беше чудно што коските изгледале како да му припаѓаат на постаро дете по густината и облик. Сега веруваме дека за тоа е одговорен еден од мутираните гени” – рече Гари Нолан, професор по микробиологија и имунологија од Медицинскиот факултет на универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Освен абнормалностите на скелетот, Ата можеби имала пореметување наречено конгенитална дијафрагмална хернија (поместување на абдоминалните органи во градите), а понатамошните анализи потврдиле дека нејзините гени се најмногу слични на гените на Чилеанците.

– “Разбирањето на овој процес би можело да овозможи да се развие терапија или лекови за луѓето кои страдале во страшни, да речеме, сообраќајни несреќи. Можеби има начин да се забрза растот на коските кај луѓето кои имаат сериозни фрактури. Никогаш досега не ме виделе вакво нешто”, рече Нолан, кој тврди дека Ата починала околу 40 години пред да бидат откриени нејзините остатоци.

Професорот Нолан започнал истражување во 2012 година, кога добил повик од пријател, кој му рекол дека можеби пронашол “Alien”.

“Деформацијата била толку голема што таа не можела да јаде. Иако ова ја придвижи приказната за вонземјани, зад сѐ се крие една многу трагична приказна. Жената имала деформирано дете, кое подоцна било чувано на овој начин, заложено, а потоа продадено како необичен артефакт. Се воспостави дека станува збор за човечко суштество, со неверојатна генетска приказна, од која би можеле да научиме многу корисни нешта и да им помогнеме на другите. Нека почива во мир” – рече Нолан и заклучи дека коските треба да се вратат во Чиле и да се закопаат во согласност со традицијата.