Многу лекции низ живот треба да ги поминеш низ солзи!

521

Не постои друг начин, мора да го поминеш патот на предавство, патот на измама, патот на напуштање од страна на другите и да ја научиш вредноста на вистинските пријатели, за да научиш да ја цениш личноста која останала до тебе, кога сите други избегале.

Мора да ги поминеш лекциите низ солзи за да разбереш што значи да се заштитиш од предаторите, да се заштитиш од оние кои се до тебе само заради некои свои интереси.

Треба да ги поминеш многуте лекции во животот преку солзи. Треба да го почувствуваш целиот спектар на човечки чувства. Како е тоа кога си сам, како е кога си со друг, а ти повторно се чувствуваш осамено и како е тоа кога си навистина со некого.

Ќе поминеш преку тие лекции допрен, а кога по некое време ќе ги собираш лузните, ќе ги нарекуваш со имињата на луѓето кои ти ги направиле, ќе ги нарекуваш по времето кога си ги добил.

Многу лекции во животот треба да ги поминеш преку солзи. Мора да почувствуваш како е кога им веруваш на другите, а добиваш нож во грб, како е тоа кога некому ќе му го подариш своето срце, ќе му ги кажеш тајните, ќе го предадеш сето она што си и што имаш, а тој само ќе се сврти и ќе си отиде без збор.

Тие лекции не се учат во училиште, не можат ниту родителите да те научат на нив, не можат да ти ги пренесат ниту најдобрите пријатели, туку само тешкиот живот.

Многу лекции во животот треба да ги поминеш преку солзи. Не постои друг начин, и кога ќе станеш свесен дека го нема ти станува многу полесно, бидејќи ги прифаќаш повредите и разочарувањата, како дел од патот, прифаќајќи ги оние кои ги користат и си играат со твојот живот како школа на искуство која сакаш што поскоро да ја заборавиш, но не сакаш да ги заборавиш лекциите кои зад тоа останале.

Многу лекции во животот треба да ги поминеш преку солзи и кога веќе мораш не одложувај! Колку побрзо ќе ги поминеш, толку побргу ќе стигнеш до мудроста на животот.

Марио Жувела