Е ова е херој ! Поранешен маринец изнајмил приватен авион и извлекол речиси 200 мачки и кучиња од Кабул

2093

Речиси 200 животни со кои Farthing отпатувал од Кабул во моментов се во карантин.

Pen Farthing, поранешен британски маринец, безбедно слетал на лондонскиот аеродром Хитроу со приватен авион и 173 мачки и куче од Авганистан, пишува The Sun. Тој го напушти Кабул како последен британски државјанин што бил таму.

Собрал пари за приватен лет, а авионот со кој ги извлекол животните полетал од Пакистан и слетал во Кабул. Потоа животните биле префрлени во Лондон.

Речиси 200 животни со кои Farthing отпатувал од Кабул во моментов се во карантин, како што налага британскиот закон. Сепак, постои можност мачките и кучињата да бидат успиени доколку им се дијагностицираат одредени болести.

Хуманитарното здружението за заштита на животните на FarthingNowzad, потврди дека поранешниот маринец и спасените животни безбедно полетале. Но, за жал, војникот морал да го напушти авганистанскиот персонал што работел за него.

“Можеме со олеснување да потврдиме дека животните се безбедни. Сепак, нашата работа не застанува тука затоа што нашиот прекрасен тим од Кабул не успеа да ја премине последната бариера. Тоа е тежок удар за нас. Работиме на тоа да ги евакуираме и нема да застанеме додека не бидат безбедни. Ќе сториме сѐ да им помогнеме”, се вели во соопштението на здружението.