Поголемиот дел од пречките што се случуваат во тенкото и дебелото црево, последица се од погрешната исхрана
Ако епизодите на запекот се случуваат често и траат повеќе од 3 дена, треба да побарате лекарска помош и да воведете радикални промени во исхраната и начинот на живот.
Долготраен запек или недоволно често празнење на дебелото црево, е често дигестивно нарушување. Ако епизодите се случуваат често и траат повеќе од 3 дена, треба да побарате лекарска помош и да воведете радикални промени во исхраната и начинот на живот. Промените вклучуваат зголемена доза на диететски влакна, вода, пробиотички бактерии и вежбање. Лесно посегнување за лаксативите никако не е препорачливо.
Влакна
Наутро здивот открива што ве измачува во сонот
Psyllium и лененото семе се семиња од желатин кои набубруваат кога се изложени на вода и на тој начин го зголемуваат обемот на фецесот и го забрзуваат поминувањето преку долниот дел од дигестивниот систем. Интегралните житарки, овес, ‘рж, нелупен ориз одличен се извор на диетални влакна кои треба да бидат вклучени во исхраната, ако му сакаме добро на својот дигестивен систем. На овој начин делуваме превентивно за формирање рак на дебелото црево. Со внесувањето на храна врз основа на житарици, овошје и зеленчук, ние внесуваме диетални влакна, кои имаат многу позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Храната, како што е леб од цело жито, тестенини, ориз, овес и житарици за појадок богата е со комплексни јагленохидрати, а сиромашна со масти, па така претставува идеална храна за одржување адекватна телесна тежина.
Пробиотици
За разлика од антибиотиците, кои често неселективно го задушуваат развојот и активноста на бактериите (и пожелни и непожелни), пробиотиците се “добри бактерии” кои се борат против “лошите бактерии”. Пробиотиците се користат во производството на ферментирани млечни производи, па тогаш обично се работи за бактерии на млечна киселина. Денес, трендот на додавање на “добри бактерии” се прошири во голем број производи, така што не изненадува што се сретнуваат во јогуртите, храната за доенчиња, сирењето, млекото, па дури и пивото е збогатено со пробиотици. Пробиотиците се достапни во лиофилизирана форма во капсули. Растот и активноста на пробиотиците ја подобруваат пребиотиците, несварлви влакна, растворливи во вода, по потекло од растенија кои пробиотиците ги користат како храна.
Продолжува на страна 2



















