Жужи Јелинек (вистинското име и е Zsuzsanna Ferber) родена е во Будимпешта, Кралството Унгарија, на 17. 7. 1920, а починала во Загреб на 23. 1. 2016 год. Таа е хрватски и југословенски моден дизајнер, стилист, колумнист и писател. За животот била како арбитар на вкусот во времето на создавање на југословенското потрошувачко општество и како неспорен толкувач на женско-машките односи во современата хрватска држава. Во југословенската ера се здобила со реноме како личен моден креатор на Јованка Броз.
Жужи Јелинек била во брак четири пати. Никогаш не го прежалила првиот маж. Сексот за неа отсекогаш бил важен, а и да се родила повторно, вели, би го сторила истото.
“Би имала јас секс сѐ уште, но мојот сопруг е стар. Низ мојот живот поминале многу мажи, но јас не можам да ви откријам со колку од нив сум спиела. Да се родам повторно, би го сторила истото”, раскажува за својот живот Жужи Јелинек во интервјуто за 24sata.hr 2015 год. на свои 94 години.
Започнала како шивачка, станала креаторка, а повеќето ја паметат како колумнистка и автор на книги. Сексот за неа отсекогаш бил важен дел од животот.
– За мажите е тоа како да пуштаат вода во тоалет. Нема тука чувство. Тоа е само техника. Затоа жени бидете паметни. Ако се сомневате во верноста на својот сопруг, не го оставајте. Најдете и вие некој, но тоа никогаш не треба да му го признаете. Бракот сигурно ќе ви успее – вели Жужи. Таа додава дека жената вреди повеќе ако има сопруг, а особено деца. Да се задржи страста во креветот, нејзиниот избор секогаш била атрактивна долна облека. Она на што се противи е порнографијата и употребата на сексуалните играчки.
– Тие играчки се глупости, а порнографијата е навреда за еден маж и жена. Што има поубаво од тоа намирисана жена да ти се вовлече во кревет – смета Жужи.
Јас бев верна, а сега ми е жал за секој маж кој некогаш во животот сум го одбила
Продолжува на страна 2