“Драги мои, мамете ги мажите, само бидете внимателни да не ве фатат” | Последното интервју на Жужи Јелинек

5382

– Ако не можете да најдете некој да одговара на вашиот животен стил кој ќе ве освои на прв поглед, земете било кој и направете од него маж – тврди најомилената дизајнерка на починатата Јованка Броз. Децата се, смета таа, најважните во животот на секоја жена.

– Не постои совршен маж, но затоа децата нашиот живот ќе го направат поубав. Сто пати сум им порачала на младите девојки да се омажат што е можно поскоро. Еден ден и вие ќе бидете стари, а сè е поинаку кога имате деца и внуци со кои се согласувате – вели Жужи. При тоа е важно да имаат работа која ја сакаат, бидејќи не треба да зависат од сопругот, без разлика колку го сакале.

– Мажите доаѓаат и си одат. Останува само она што самите сме го стекнале и научиле – вели Јелинек. На жените експлицитно им истакнува дека тие мора да држат до себе.

– Штом наутро ќе се разбудите, погледнете се во огледало и кажете си гласно: “Да, јас сум убава, јас сум млада и никој ништо не може да ми направи”. Стокмете се и тргнете во нови победи – препорачала Жужи, која на крајот на годината планирала да ја издаде новата, последната книга со наслов “Жужи”, посветена на сите жени.

Иако напишала десет книги за сексот, кои многумина ги сметаат за либерални, го коментира и новиот светски хит “Кошер секс”.

– Глупост е дека жената, како што е напишано во книгата, мора да има секс само 14 дена во месецот. Секс треба да се има секој ден – вели таа. Дури е и полоша тезата дека сексот еднаш месечно го зајакнува бракот и ја зацврстува страста.

– Па така и јас го изгубив мојот сопруг, бидејќи бев два пати во месецот на пат па ја искористи првата можност – повторно се потсети на пропуштените љубови.

Иако во живот имала грешки, Жужи заклучи дека повторно би ги повторила. Како сиромашна подстанарка на возраст од 17 години, таа заминала за Париз да заработува

Жужи и двајцата браќа живееле на Максимирска улица во Загреб. Тогаш одлучила дека ќе ги извади од беда. Од Париз во Загреб се вратила 1939 година, бидејќи почнала војната. Го отворила кројачкиот дуќан и од првите приходи на мајка ѝ и купила крзнено палто.

Горјана Ќалета Турковиќ

(24sata.hr/kukuriku.mk)

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk