13 добри причини | Откриваме што се случува кога од исхраната ќе го исфрлите шекерот

192

Според препораките на лекарите, дневната доза на шеќер не треба да надминува 25 грама за жени и 36 грама за мажи, а таа количина треба да ја задоволиме со шеќери од природни извори, како што се овошјето, млекото и млечните производи.

Можеби контролата на килограмите не е доволен мотив за промена на навиките во исхраната, но би можеле да ја пронајдете во други бенефити кои ги исфрлаат додатните шеќери од исхраната.

Додадените шеќери се насекаде околу нас, дури и во преработената храна, за која веруваме дека е добра за нашиот организам, како што се протеинските плочки, путерот од кикирики или лебот од цело пченично зрно.

Тоа не мора да биде видливиот бел прав посипен по крофните – додадените шеќери доаѓаат во форма на сируп, нектар, мед и сето она што ќе го најдете на листата на состојки под името кое завршува со “оза”.

Губење на стомачни масни наслаги

Додадените шеќери се синоним на додадени калории и кога ќе одлучите преработената храна полна со шеќери да ја замените со онаа богата со растителни влакна, ќе бидете наградени со потенка половина. Поентата тука е едноставна – кога ќе го ослободите организмот од додадените шеќери, тој наместо јагленохидратите ќе почне да ги согорува резервите на стомачните масти и ќе ве награди со тониран стомак каков сте сонувале.

Намалување на желбата по слатки

Храната богата со едноставни јагленохидрати и рафинирани шеќери како крофни, колачи и бел леб, е поврзана со зголемување на допаминот, кој предизвикува постојана желба за шеќер. Една статија објавена во Службениот весник на Меѓународното друштво за бихејвиорална невронаука вели дека внесувањето на шеќери може да доведе до зголемување на бројот и/или афинитетот на опиоидните рецептори, кои дополнително стимулираат конзумирање на шеќер и придонесуваат за дебелината. Отфрлањето на слатките закуски ќе ви помогне да ја запрете потребата и да престанете со оваа деструктивна навика.

Продолжува на страна 2