Овие хороскопски двојки се на прво место за најлоши раскинувања

134

Ако раскинувањата се делат на добри и лоши, тогаш овие знаци на зодијакот спаѓаат во вторите. 

Некои луѓе целосно го бришат партнерот од својот живот, а други прекинуваат со бучни караници, насилни емоции и многу горчина.

Постојат поединци кои со зрел разговор и мирно раскинуваат и успеваат да ги задржат пријателските односи со бившиот партнер.

Во принцип раскинувањата се болни и секој од нас различно ги преживува, но сепак можат да се поделат на добри и лоши.

Овен и Бик

Од почеток се лоша комбинација и поради тоа раскинувањето е неизбежно. Овенот обично ја завршува врската бидејќи му станува досадно и сака промена, но кај Бикот нештата се малку поинакви. Нему му треба време да ја пушти саканата личност и нема да ја остави без голема мака. Со оглед дека Биковите се тврдоглави, а Овните не отстапуваат од својот став дури ни кога ќе влезат во расправија, оваа астро двојка не е во состојба да најде заеднички јазик.

Овните се познати по лошиот темперамент и изливи на бес. Тие уживаат во драмата и енергијата произведени во жестока расправија со Бикот. Големи се шансите по некое време Овенот да посака да се смири со својот партнер Бик, но ако чека предлого, тој нема да сака да се врати.

Лав и Скорпија

Раскинувањето меѓу овие два знаци лесно може да се претвори во борба на две ега. Двајцата се многу страстни, така што крајот на односот ќе биде многу интензивен и болен. Припадниците на двата знака сакаат да контролираат и се многу егоцентрични.

Скорпијата може да се обиде да ги сузбие емоциите, но порано или подоцна тие емоции ќе експлодираат и ќе го уништат Лавот.

Кога е ранета Скорпијата напаѓа на разни начини дури со навреди и одмазда. Иако Лавовите се моќни, тие имат чувствителна страна и веруваат дека раскинувањето е сосема природно.

Продолжува на страна 2