Придобивките од јапонскиот зелен чај

1611

Најздравиот јапонски пијалак всушност крие во себе повеќе од дванаесет вековна традиција во секојдневниот живот на луѓето не само во Земјата на изгрејсонцето, но и во многу други места низ светот.

Најпопуларните варијанти се три – “Сенча”, “Матча” и “Гјокуро”.

А еве кои се главните придобивки на вистинскиот јапонски зелен чај:

Корисна содржина

“Сенча” е секојдневниот чај на Јапонците, а “Матча” се смета за најздрав чај на планетата, бидејќи содржи 16 различни аминокиселини, 8 пати повеќе бета-каротен од спанаќот и 70 пати повеќе антиоксиданси од портокаловиот сок.

Го подобрува физичкото здравје

Зелениот чај ги неутрализира слободните радикали, кои се производ на стресот – нешто на што е подложен современиот човек.

Пијалакот од Јапонија го забрзува метаболизмот со повеќе од 30 проценти и го намалува шеќерот во крвта, а со тоа штити од дијабетес.

Интересна култура

Јапонскиот зелен чај ја носи во себе и целата култура на земјата. Чаеви се подготвуваат со специфични додатоци, од кои голем дел се рачно изработени и нацртани. Самата церемонија на приготвување зависи многу од типот зелен чај – дали ќе е “Сенча”, “Матча” или “Гјокуро”.

Подготовка

Особено интересни факти има околу подготовката на вистинскиот јапонски чај.Оригиналниот производ има правила на подготовка, кои треба да се почитуваат строго. Дел од нив се користат изворска вода, правилна температурна запарка и количество вода спрема количина зелен чај.