Омилениот плод издава каков ви е сексуалниот живот

1167

Од неодамна стана доста модерно психолози и секс експерти да ја користат храната како знак за тоа какви се сексуалните преференции и активности на различни луѓе.

Може да прочитате еден куп материјали, откривајќи како се цени либидото на луѓето во зависност од тоа каква пица или сладолед сака да јаде човек, а еве што Female First објавува и како кратка анализа на тоа како одговараат дамите во спалната според тоа кој е нивниот омилен плод.

Јагоди

Вие сте страсна љубовница и најблиски до динамичниот секс, кој ја тера крвта да ви врие. Ако не се испотите како што треба, останувате разочарана.

Мандарина

Сакате да го “отпакувате” партнерот како божиќен подарок. Поседувате интересна облека и секогаш настојувате да се појавите во искушувачки изглед за партнерот.Понекогаш дури сакате од него да се облекува за да играте во улоги.

Грозје

Вие сте кралица на брзиот секс. Љубите тој да е краток, но многу чест. Ја следите филозофијата дека количината е поважна од квалитетот.

Киви

Вие сте скандалозна, благо перверзна и многу авантуристички настроена во кревет. За вас нема табуа ниту срам, кога сте во спалната соба.

Продолжува на страна 2