Вакво кафе пијат само тешки садисти и психопати?

1095

Истражувањата од универзитетот „Инсбрук“ во Австрија пронашло врска меѓу омиленото кафе и човечките особини. Се испоставило дека чисто, црно кафе без додатоци најчесто пијат луѓе со психопатски и садистички тенденции.

Истражувањето е спроведено на 1000 луѓе, а испитувале кое им е омиленото кафе и спроведувале психолошки тестови на нив кои можат да покажат нарцизам, садизам, психопатија и агресија.

Садистички и психопатски особини покажале луѓето кои сакаат горко кафе. Оние кои пијат благо кафе со млеко генерално се склони да се сложуваат со мислењата на другите и се истакнуваат со симпатичност, соработка и љубезност.