13 добри причини | Откриваме што се случува кога од исхраната ќе го исфрлите шекерот

1832

Спречување пропаѓање на забите

Слатката ужина предизвикува насмевка на лицето, но гурманите неконтролираното задоволување на своите потреби би можеле да го платат и со воздржаност од таа насмевка, затоа што шеќерот би можел да им го уништи забалото. Од рана возраст сме учеле дека слатките се штетни за забите, а студијата објавена од страна на BMC Public Health покажала дека тој е главната причина за кариес и расипување на забите како кај децата, така и кај возрасните, и тоа без оглед на тоа дали го внесувате со храна или пијалок. За блескава насмевка, воздржете се од слатките извори на јагленохидрати.

Зголемување на фокусот

Исхраната богата со рафиниран шеќер, според една студија спроведена на Медицинскиот факултет Харвард, може да ја наруши функцијата на мозокот и да ги зголеми симптомите на депресијата. Затоа, сладоледот или чоколадото можеби ќе ви помогне во моменталното подигање на расположението, но шеќерот во никој случај не е храна за вашиот мозок и нема да придонесе за поголема насоченост кон реализација на вашите обврски.

Спречување на надуеност

Надуеноста обично се поврзува со солената храна поради натриумот кој ја задржува водата и предизвикува подуеност на стомакот, но и со контролирано конзумирање на шеќерот можете да се ослободите од непријатната појава. Ова несакана реакција на стомакот може да предизвика проблеми со варењето на шеќерите, а додека на некои може да им пречи фруктозата, шеќерот кој го наоѓаме во овошјето, но и во преработената храна, другите потешко ја поднесуваат лактозата која ја наоѓаме во млечните производи.

Продолжува на страна 4