Подигање на енергијата
Многу луѓе, поради потребата од енергија, најверојатно ќе посегнат по слатка храна или уште една шолја кафе, а токму тие се виновници за недостатокот на енергија заради која треба темелно да ги менувате навиките во исхраната. Заменувајќи ги со бавно сварливи протеини или закуски богати со здрави масти, вашата енергија ќе биде избалансирана во текот на целиот ден.
Намалување на ризикот од дијабетес
Истражувањето на кое се реферираат авторите на книгата „Zero Sugar Diet“ наведува дека на секои пет проценти од вкупните калории кои ги добиваме од додадените шеќери, ризикот од дијабетес расте за неверојатни 18 проценти. Затоа, ако внесете околу 1800 калории дневно, максималната дневна количина на шеќер треба да биде околу 24 грама, што е околу една и половина супена лажица шеќер.
Подобрување на здравјето на срцето
Конзумирање на прекумерни количини шеќер може да резултира со акумулација на лош LDL холестерол, заради што Американската асоцијација за здравјето на срцето, препорачува ограничување на внесувањето додадени шеќери за да се намали ризикот од смрт од срцеви болести. Ако од вкупниот дневен внес на калории, како што покажало едно истражување објавено во медицинското списание JAMA Internal Medicine, од 17 до 21 проценти од калориите добиваме од додадени шеќери, ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести се зголемува за 38 отсто во однос на внесот на калории од додадени шеќери во износ од 8 проценти.
Продолжува на страна 3


















