Разиграност е човечка особина која без потреба се потиснува. Секое општество, секоја цивилизација, секоја култура се противи на разиграноста, бидејќи разиграниот човекот не е сериозен …
А со оние кои не се сериозни не може да се доминира, не може да се направи да е горделив, не може да се натера да стреми за моќ, пари и углед.
Детето во нас никогаш не умира. Детето не умира со само тоа што раснете, детето останува. Сè што некогаш си бил сѐ уште го носиш во себе и ќе го носиш се до последниот здив. Но општеството има постојан страв од несериозните. Несериозните луѓе нема да развијат амбиции за пари или политичка моќ – тие повеќе би му се радувале на животот.
Меѓутоа, животната радост не носи углед, таа не може да те направи моќен, не може да го исполни егото. А целиот човечки свет се врти околу поимањето на егото. Разиграноста е спротивна на вашето его. Играј се со децата и ќе видиш како исчезнува твоето его, ќе видиш дека повторно стануваш дете. И тоа не важи само за тебе туку за сите луѓе. Затоа што детето во тебе е потиснато и ти ќе ги потиснуваш своите деца.
Никој не им овозможува на своите деца да танцуваат, пеат, да викаат и да прават глупости наоколу. Од сосема тривијални причини – нешто може да скрши, да наводени облека ако трчало надвор – заради таквите ситници важниот духовен квалитет, разиграноста, целосно се уништува. Послушното дете ќе биде пофалено од страна на нивните родители и наставниците, од секого. Разиграното дете, спротивно, ќе биде прекорувано, бидејќи тоа може да биде зародиш на револт.
Дете кое растејќи има слобода да биде разиграно, ќе стане бунтовно. Со него не ќе може лесно да се доминира. Не ќе се даде така лесно во било која армија за уништување на луѓето или самоуништување. Бунтовното дете ќе стане бунтовен млад човек кој не ќе можете да го принудите на брак или одредена професија, не ќе можете да го принудите да ги задоволи незадоволените потреби и желби на неговите родители.
Тоа ќе оди по своја патека. Ќе го живее животот во согласност со своите внатрешни потреби, а не според идеалите на другите.
Заради сите овие причини, разиграноста од самиот почеток се гуши и омаловажува. Твојата природа не смее да се доведе во прашање. Малку по малку ќе почнеш во себе да го носиш мртвото дете. Мртвото дете во тебе ја убива секоја смисла за хумор. Не можеш да се смееш од сѐ срце, не можеш да си играш, не можеш да уживаш во малите секојдневни работи. Стана толку сериозен што твојата животна енергија почнува да пропаѓа, наместо да се шири. Животот во секој момент треба да биде нешто вредно и креативно.
Што ѝ да правиш, тоа би требало да произлезе од твојата разиграност и радост. Не смееш да дозволиш твоето внатрешно дете да умре! Нахрани го и не грижи се за тоа дали ќе стане незапирливо. Па што може да се случи? И ако некогаш падне преку јаже – па што? И што ќе направиш ако ја загубиш контролата? Можеби ќе заиграш, ќе се смееш и ќе се фрлаш околу како споулавен.
Луѓето може да мислат дека си вон себе, но тоа е нивен проблем. Ако во тоа уживаш и тоа го збогатува твојот живот, што ти е гајле ѝ целиот свет да мисли дека си се мрднал.
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ