Климатските промени моментално претставуват најголема закана за неколку најпопуларни знаменитости во светот, вклучувајќи ги и Статуата на слободата, островот Галапагос, Велигденските Острови, Венеција и Стоунхенџ, се наведува во извештајот на Обединетите нации.
Експертите заклучија дека моментално се загрозени 31 знаменитост во 29 земји кои се чувствителни на зголемување на температурите, топењето на глечерите, пораст на нивото на морињата, поостри временски услови, големи суши и подолга сезона на пожари на отворено. Тие исто така веруваат дека оваа бројка претставува само врв на ледениот брег, пишува „Гардијан“.
Научниците наведуваат дека од клучно значење е да се огранични глобалното затоплување на помалку од два степена Целзиусови. Доколку се надминат овие степени последиците би можеле да бидат катастрофални и неповратни.

– Од климатските промени не би страдале само туристичките дестинации, туку и локалниот економски развој, кој УНЕСКО моментално се обидува да го заштити, изјави Мехтилд Рослер, директор на Ценарот за светско наследство на УНЕСКО.
– Ова е само врв на ледениот брег. Сосема очигледно се наметнува потребата за надгледување на најважните природни споменици, а научниците наведуваат дека моментално најзагрозени се коралните релјефи, изјави Рослер.
Bonus Video



















