Состојка која често се користи во скоро секоја кујна, лукот е една од најпознатите природни лековити намирници
Покрај тоа што лекува од грип и настинки благодарејќи на антибактериското дејство, лукот е лесно применлива намирница и во многу други ситуации. Погледете кои:
Акни
Една од предностите на лукот, секако е неговото корисно дејство на убавината, всушност сокот на оваа намирница ги лекува акните и мозолчињата. Доволно е да се згмечат две чешниња и смесата да се стави на местото на воспалението, резултатите ќе бидат видливи по неколку минути, кога отокот околу мозолчињата ќе се смири.
Херпес
Вирусна инфекција на усните добро позната како херпес е многу непријатна појава, но се лекува ако на неа ставите чешне лук и го држите директно на болната област околу 10 минути. За ефективни резултати постапката повторете ја пет пати во текот на денот.
Воспаление на увото
Лукот исто така, помага и во лекувањето на инфекции на увото, а рецептот е брз и лесен. Во лажица со топло маслиново масло ставете смачкано чешне лук и оставете да одлежи еден час, накапете неколку капки во увото и истото повторете го двапати на ден.
Продолжува на страна 2