Десет особини на неодоливите жени

533

Убавината е збор посилен од која било придавка. Поради неа жените запаѓаат во очај. Таа ги принудува да држат строги диети и да се подложуваат на пластична хирургија. Меѓутоа зарем тој збор не подразбира нешто многу повеќе?

Што е тоа што жената ја прави убава? Не се вели без причина дека убавината е во окото на набљудувачот.

Луѓето кои на прв поглед изледаат убаво можат да ви станат сосема грди кога малку подобро ќе ги запознаете, додека некои личности за кои би кажале дека имаат просечен изглед ни се најубави на цел свет.

Тоа е доказ дека убавината не е само фасада и дека во прашање е нешто што не може да се сведе само на генетиката.

Начинот на кој жената се движи, разговара, држи до себе, начинот на кој зрачи одвантре, искрата што ја поседува. Тоа е убавината на жената. Таквите жени мажите можеби не ги забележуваат на прв поглед, но полека им се „пикаат под кожа“ со секој поглед со секој разговор.

Следните десет особини секоја жена ја прават неодолива

1. Нејзината страст ја дефинира повеќе отколку физичкиот изглед

Нема ништо поубаво од страсна жена. Жената која живее со полна пареа и која работи со голема страст вреди да ја запознаете.

2. Го покажува своето вистинско лице

Шминкањето е избор и тука нема ништо лошо. Меѓутоа убавата жена не чувствува потреба да се крие поради своите недостатоци со помош на шминка. Таа ќе се нашминка поради себе, а не поради другите.

3. Не сака да биде центарот на светот

Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Го прави тоа несвесно, бидејќи поседува самодоверба и скромност, а тие особини го привлекуваат вниманието на другите, повеќе од исфорсираните гестови.

4. Знае да се изрази

Нема ништо полошо од девојка, која не е елоквентна и не знае да каже што мисли. Дамата која има свое мислење може да биде неверојатно привлечна и е доказ дека мозокот е најсилен афродизијак.

Продолжува на страна 2