Мажите добиваат апчиња за контрацепција ! Но, имаат и неколку непријатни несакани ефекти

1240

Контрацептивот, создаден од истражувачите од Универзитетот во Минесота, бил 99% ефикасен во спречувањето на бременоста.

Првата машка контрацепциска пилула, која покажала значителни резултати во лабораториските испитувања, би можела да започне со тестирање на луѓе уште оваа година.

Спровеле експерименти на глувци

Контрацептивот, создаден од истражувачите од Универзитетот во Минесота, бил 99% ефикасен во спречување на бременост кај глувците, без очигледни несакани ефекти, пишува Fortune. Наместо да користи хормони, пилулата ги таргетира интеракциите со витаминот А, кој е клучна компонента на плодноста.

Хормонските апчиња имаат потенцијал да ја зголемат телесната тежина и да го променат либидото, а можат да го намалат и нивото на „добриот“ холестерол, предизвикувајќи потенцијални проблеми со срцето. Истражувачкиот тим забележал дека глувците кои го примале соединението наречено GPHR-529, покажале значителен пад на спермата во текот на четири недели, што ги прави стерилни.

Кога третманите биле прекинати, глувците се вратиле на нормално ниво на мажественост во рок од четири до шест недели. Истражувањето на оваа нова пилула за контрацепција го води д-р Abdullah Al Noman, кој веќе неколку години работи на машка контрацепција.

Имено, Универзитетот во Минесота веќе некое време истражува машки контрацептивни таблети. Во 2018. година, двајца истражувачи изјавиле дека нашле начин да го запрат движењето на спермата со користење на екстракт од растение кое африканските воини и ловци некогаш го користеле како отров.

Истражувањата за овој метод на контрацепција сè уште се во тек. Во моментов во клинички испитувања е и машкиот контрацептивен гел, кој секојдневно се втрива во рамото.