Малината е богата со антиоксидански

147

Малината е богата со антиоксиданси. 100 грама малинов плод содржи 44% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Богата е со растителни влакна, фолна киселина, витамин К, витамин Е, манган, магнезиум, бакар, калиум и Омега 3 масни киселини.

Ваквиот состав надополнет со резвератол и елагинска киселина, претставува идеална комбинација со моќно антиоксидантно дејство, го неутрализира штетното влијание на слободните радикали и има докажано антиканцерогено дејство.

Редовното консумирање на малината го разубавува тенот, ја зајакнува косата, го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем и органите за варење, го зајакнува имунитетот и штити од воспаленија.

Најдобро е да се консумира во свежа состојба, но секако консумирана и во форма на сок, компот или чај има благопријатни и лековити ефекти.