Здрави навики кои можеме да ги практикуваме додека сме на работа

89

Да водиме здрав начин на живот не значи дека треба да поминуваме по два часа во салата или пак да јадеме само салати за ручек.

Здравиот начин на живот е изграден од мали навики кои треба да се практикуваат секој ден, пишува “Хафингтон пост”. Не е тајна дека го поминуваме поголемиот дел од будната состојба на работа. Токму затоа е важно да градиме мали здрави навики во часовите во кои сме зад биро.

Тука не станува збор за општата “здрава исхрана” и “вежби”, туку за мали нешта што може да се вклопат во секој распоред.

1. Обложете се на водата

Хидрираното тело е еден од главните фактори за добро физичко здравје. Водата не само што ќе ве освежи, но и ќе ве заштити од полните со шеќер безалкохолни пијалоци. Ако имате потреба од енергија во попладневните часови, пијте чаша зелен чај. Таа е богата со кофеин, но нема шеќер.

2. Организирајте го своето време

Куповите задачи по маса можат да влијаат лошо на менталното здравје. Стрпете се, за да се исчисти своето биро и да го организирате вашето време. Ако треба, направете список со сите задачи и приоритетните од нив.

3. Користете ги скалите

Ако немате време за фитнес, тоа не е оправдување да не сте физички активни. Заборавете за лифтот и ескалаторот. Користете ги скалите.

4. Не заборавајте на зборот “благодарам”

Ќе се изненадите колку многу зборот “благодарам” може да влијае на нашето расположение.Зборот “благодарам” не само што ги подобрува односите со вашите колеги, тоа ќе го намали стресот.

5. Оставете ја солницата

Ручекот на работа може да биде здрав, дури и да не си го носиме од дома. Еден од начините тоа да се случи е, ако не додавате сол во чинијата. Консумирањето на многу натриум може да го зголеми крвниот притисок и тоа да ве стави во поголем ризик од кардиоваскуларни болести.