Ги сметаат за лудаци, а од нив заработуваат милиони | Видео

96

Пред околу 70 години, во 1947 година зафрлената военовоздухопловна база на американската војска објави дека во пустината на Ново Мексико, кај гратчето Розвел, се урнал Неидентификуван летечки објект.

Мошне брзо војската издаде соопштение во кое нагласува дека всушност тоа бил метеоролошки балон.

Но локалниот весник „Розвел Дејли рекордс“ сето тоа го објави и така е родена легендата.

Розвел денес е гратче со 50 илјади жители. Гратчето само од туризам годишно заработува 40 милиони долари. Таму веќе со децении постои тематски музеј, кој и не нуди нешто посебно, само серија документи, постои тридневен НЛО фестивал, а посетителите можат и лично да се упатат до популарниот ранч на 50 километри северно од градот.

А кога луѓето веќе доаѓаат тогаш тие и купуваат и по некоја кукла со стереотипниот приказ на вонземјанин, нешто ќе се напијат, ќе јадат и можеби ќе преноќат, а сето тоа се пари за локалното население.

Тука се доаѓа до онаа другата страна на медалот. Жителите на јужниот дел на САД на некој начин се малку тешки луѓе и често оние кои веруваат во вонземјани ги сметаат за лудаци.

Тоа сепак не ги спречува истовремено да ги водат и бизнисите со кои заработуваат, но некои работи за нив се премногу. Ѕидовите на локалниот Волмарт на пример со години го красеа вонземјани, за на крајот молот да мора да ги префарба бидејќи купувачите, а под тоа се подразбира локалното население биле на крајот на нервите од самиот поглед на нив.

Градот инаку постојано е накитен со такви работи, дури имаат и НЛО Мекдоналдс.