70% од луѓето земаат антидепресиви без причина

1620

Поголемиот дел од луѓето кои земаат антидепресиви, во реалноста не страдаат од депресија, потврди новото истражување објавено во британските медиуми.

Истражувачите откриле дека повеќе од две третини (69 отсто) од луѓето кои земаат антидепресиви, не ги исполнуваат критериумите за тешко депресивно растројство, познато исто како клиничка депресија.

Излегува дека антидепресантите се користат и за други ментални нарушувања. 38 отсто од луѓето кои го земаат лекот, не ги исполнуваат критериумите за опсесивно-компулсивно нарушување, панично растројство, социјална фобија или вознемиреност, кои се причина и симптом за препишувањето на слични таблети.