Веганка прашува: Дали е морално орално задоволување на месојадите?

348

Колумнистот Suzi Godson со години одгова на бројни писма за сексот, а најинтересните ги има објавено во нејзината книга. Една жена прашува дали е нормално да се возбуди додека мокри?

– Начинот на кој живееме се менувал низ годините до непрепознатливост, но начинот на кој сакаме останал сосем ист, вели Suzi Godson, автор на книгата “Sex Counsel: The Times expert answers all your questions about Sex”.

Со години, овој колумнист одговора на илјадници писма од читателите за сексот, а најинтересните ги објавила во книгата.

– Веганка сум. Дали е морално да имам орален секс без кондом? Не би сакала да преминам преку моите принципи ниту пак да  го изгубам дечкото – испратила една читателка.

Еве вака Godson одговорила:

– Од веганската група ми беше посочено дека промовираат животен стил базиран на исхрана без производи од животинско потекло и дека не се занимаваат со внес на човечки производи. Со други зборови, не беше сигурна. Ми препорача да одберам вегански кондоми, но ако имате секс без кондом, а момчето јаде месо или млечни производи, тие би можеле да влијаат на вкусот на спермата. Станува збор за траги од животински производи во сперматозоидите, но ако имате морална дилема за тоа дали треба да ја проголтате спермата на партнерот или не, веројатно и тоа ќе ви пречи. Ако сакате да го избегнете тоа, препорачајте му на партнерот краток веган детокс пред орален секс – советуваше колумнистот.

Еден од нејзините читателки повеќе сака да експериментира во кревет, и ѝ се допаѓа идејата да јаде храна од него. Таа ѝ рекла дека тоа е сосема нормално, и секој во некоја фаза од животот ќе открие како чоколадниот крем може да се јаде и на друго место, а не само во кујна. Истото важи и за шлагот.

“Во прошетка со мојот сопруг ми дојде потреба за мокрење. Отидов во грмушките. Додека тој ми чуваше стража, почувствував силна возбуда. Дали е тоа нормално?”

– Напаленоста не е инстинкт што можеме да го контролираме. Потребата од секс често се случува кога најмалку го очекуваме. Понекогаш тоа е предизвикано од ненамерна физичка стимулација, како што е возење велосипед или вибрациите кои ги чувствуваме додека се возиме во автобус. Исто така, можат да ја поттикнат и мирисите, музиката, цитатите на Шекспир … Иако уринирањето во грмушка нема да ги возбуди сите, по она што го напишавте, таа комбинација е возбудлива само за вас. Веројатно, ве напалил стравот дека некој ќе ве види. Адреналинот е да правите нешто што не смеете на јавно место, чувство на интимност помеѓу вас и партнерот кој стражари, чувството на олеснување кога ќе го испразните полниот мочен меур … – објаснува авторот. Таа додава дека тоа не се работи само за мокрењето, туку за секс искуство.

– Затоа, наместо да се грижите за тоа дали ова е нормално, вклучете ги овие предизвикувачи во сексот. На пример, одете на секси пикник. Најдете место во природа, каде што никој нема да ве шпионира и каде никој нема да ве фати. Но, не заборавајте дека на таквите места е сосема неудобно. Значи земете кебенце за да можете да легнете и да уживате – советува авторот.