5 начини да го подобрите метаболизмот

1198

Ако сакате да го зајакнете својот метаболизам и тоа во текот на целиот ден, добро е да направите некои промени во менито.

Еве пет идеи за темата:

1. Џвакајте многу и консумирајте повеќе влакна

Консумирајте повеќе овошје, зеленчук и цели зрна, но џвакајте ги подолго. Мастиките одземаат повеќе енергија, а влакната се за варењето потешки, што во комбинација додава до 10% зголемување на согорувањето на калории.

2. Јадете протеини

Протеините исто така, бараат енергија за варење додека го задржуваат човек сит и задоволен подолго време. Не заборавајте да ја вклучите оваа основна хранлива состојка во секој свој оброк во текот на денот.

3. Движете се интензивно барем по 20 минути на ден

Непосредно пред секој оброк или ужинка во текот на денот можете да направите 20 склекови или 50 чучњеви – одберете си сами.Овие кратки, но интензивни вежби исто го засилуваат метаболизмот и можат да доведат до согорувањето на уште 200 калории во текот на денот.

4. Пијте вода или зелен чај

Зелениот чај содржи катехини, антиоксиданси кои го зголемуваат метаболизмот до четири проценти, а тоа значи дека вашето тело ќе изгори уште околу 80 калории во денот. Ако не го сакате овој пијалок, тогаш барем пијте повеќе обична вода во текот на целиот ден, за да избегнете дехидратација што може да го забави метаболизмот.

5. Јадете пет пати на ден

Стресот доведува не само до прејадување, но и до забавување на метаболизмот. Затоа е важно да си правите редовни паузи во презафатениот работен ден. Ако имате работа на биро, прошетајте се или медитирајте на секој еден час. Освен тоа е добро да јадете по малку, но барем пет пати на ден.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.