Начинот на кој се држите за раце со вашиот партнер открива многу за вашата врска – Кој е вашиот? Фото

306

Ако некогаш сте биле во љубов, знаете колку е прекрасно чувството да шетате со саканиот/та додека ве држи за рака.

Можеби не сте забележале, но овој мал гест кажува многу за вашата врска и за фазата низ која поминувате како двојка, пишува Bright side.

Ве покануваме да го дознаете вистинското значење зад различните видови држења за раце. Значи, кој е вашиот?

1. Дланката свртена кон дланка

Ако ги држете раце на овој начин, тоа значи дека вашата врска се темели на љубов, но не и на страст.

Исто така, открива дека она лице кое дланката ја врти према долу, има посилна личност, често презема иницијатива и поодлучна е.

2. Испреплетени прсти

Испреплетените прсти симболизираат страст и силна врска помеѓу две лица. Кога вака ги држете рацете, важно е дека двајцата цврсто ја држете раката на друго лице.

Не е добар знак, доколку раката на едното лице е премногу опуштено.

3. Држење за малиот прст

Овој начин на држење за раце значи дека и на едното и на другото лице од суштинско значење им е независноста. Овие двојки знаат да ја почитуваат приватноста и меѓусебниот простор.

Овој начин на држење, исто така, може да укаже дека овој пар се соочува со деликатен момент кога еден од нив чувствува потребата да бидат само пријатели.

Продолжува на страна 2