Еве како најлесно да прочитате личност родена во знакот Рак

142

На прв поглед може да ви изгледаат како тврд орев, но длабоко во себе Раковите кријат сложена емоционална структура и уникатен начин на доживување и искажување на чувствата.

Тие се создадени од крв, месо и емоции и многу сентиментално доживуваат сè што се случува околу нив. Од друга страна, молчеливи се, пасивни, таинствени и многу внимателни. Ако се во опасност, се повлекуваат. Најмногу се плашат и се грижат за оние кои ги сакаат, ставајќи се често себе во втор план.

Не се агресивни луѓе, но ако некој повреди личност која ја сакаат, храбро застануваат во одбрана. Ги ценат духовните вредности, ја сакаат љубовта, а на професионално поле се трудат да дадат максимум од себе. Кога имаат јасна цел, не трошат време на бесцелни излегувања и забави, туку се насочени кон нејзино остварување.

Раковите се великодушни, несебични, но токму поради тоа и не веруваат на никого. Не се фалат, но претеруваат со самосожалување. Се плашат од јавни настапи и често оставаат некој друг да одржи говор или да соопшти нешто важно. Но, оние кои добро ги познаваат знаат дека се работи за добри, чувствителни и грижливи личности на кои секогаш може да им се верува.