Полнети тиквички со ракчиња и зеленчук

92

Потребно

  • 2 големи тиквички, исечени на половинки
  • ¼ чаша маслиново масло
  • 6 чешниња лук, сецкан
  • 1 кромид ситно
  • 500 г ракчиња, се сечат на половина
  • 1 голем домат, излупен и исечен на мали парчиња
  • 8 парчиња печурки, исечени на четвртинки
  • ¼ чаша свеж босилек
  • Црн пипер
  • Сол
  • ¼ чаша рендан пармезан

Подготовка

  • Загрејте ја рерната на 230 степени.
  • Намачкајте една тава со малку масло и оставете ја настрана.
  • Исечете ги тиквичките на половини по должина. Извадете им ја срцевината. Намачкајте ги со маслиново масло. Ставете ги во садот врз послана кујнска хартија во него.
  • Печете околу 5 до 10 минути, за да се ослободи дел од влагата во нив. Намалете ја рерната на 200 степени.
  • На шпоретот загрејте 2 лажици маслиново масло во тава на средна температура.
  • Пржете ги ракчињата, коцките домати, печурки, половина од пармезанот, босилек, лукот и кромидот.
  • Измешајте добро, за да се карамелизира малку.
  • Зачинете со зачини.
  • Наполнете ја смесата во тиквичките. Посипете со уште малку пармезан.
  • Печете во загреана рерна околу 20 минути додека фати коричка.