Потребно
- 3 главици кромид
- 1 праз
- 4 колбаси
- 100 гр сланина
- 5 компири
- 4 дл павлака
- 2 јајца
- сол
- бибер
Подготовка
Компирите се варат, се цедат и се лупат. Потоа се сечат на кругови.
Кромидот, празот и сланината се сечат на ситни коцки, па се пропржуваат на масло.
И колбасите исто така се пропржуваат.
Во огноотпорен сад се става малку масло, па се редат компирите, па смесата со кромидот, празот, сланината и колбасите одозгора.
Посебно се мати павлаката со јајцата, се додава сол и бибер и се става одозгора.
Се пече на 200 степени во претходно загреана рерна додека не порумени.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















