Овој напиток ќе ви помогне да се решите од непријатната миризба на вашето тело

103

Храната и пијалоците кои ги внесуваме во организамот влијаат на нашето здравје, расположение, но и на телесните мириси кои ги излачуваме преку пот, плунка или голема и мала нужда.

Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот дигестивен систем правилно функционира и дека ќе ја елиминирате секоја можност за лош здив и непријатни мириси на пот, освежете се со вкусен и многу здрав пијалок, за кој ќе ви бидат благодарни вашето тело, партнерот, колегите и пријатели.

Состојки

  • 2 јаболки
  • 4-5 листови свеж кељ
  • 1 свеж магдонос
  • 1 исцеден лимон (сок)
  • 1 парче ѓумбир

Подготовка

Состојките добро измијте ги во ладна вода и сите заедно ставете ги во блендер. Ако овошјето и зеленчукот не се изладени, во блендерот додајте и неколку коцки мраз. Сето тоа добро измешајте го, истурете го во чаша и пијте го наутро пред појадок или помеѓу оброците.