Овие 10 работи не треба да ги перете во машина за садови

82

Иако е најлесно сe да се стави во машината за садови, без многу размислување, од друга страна, долгорочно гледано ако сакате да ги сочувате вредните парчиња некои од нив сепак би требало да ги исперете на рака.

Токму затоа, проверете што во неа никако не смее да се пере.

Дрвени садови

Жешката вода и топлината делуваат разорувачки на нив и може да ги оштетат поради што за многу брзо време нема воопшто да ви бидат корисни.

Дрвени даски за сецкање

Вообичаено се лепени, па ако ги изложите на висока температура и вода, со сигурност ќе се распаднат.

Преса за лук

Машината за садови тоа не може добро да го испере.

Термос шолји за кафе/чај

Проверете што пишува на нив и дали е дозволено да ги перете во машина за садови. Тоа може да ја уништи нивната изолација поради што таа шолја и најмногу вреди.

Метални тавчиња

За да бидат функционални, потребно е да ги премачкувате со слој од масло, а освен ако не се работи за некои големи и тврдокорни остатоци, би требало да се перат само во топла вода. Ако ги перете во машина за садови, ќе го уништите целиот процес на подмачкување.

Продолжува на страна 2