Лоши навики кои неизбежно водат кон пожар во домот

2566

Со зголемување на температурите се зголемуваат и предупредувањата за опасност од пожар на отворено. Но, оваа опасност демне и во нашите домови. Токму затоа погледнете ги следниве 7 лоши навики кои доколку не внимавате можат да резултираат со пожар во вашиот дом.

Лоши навики кои неизбежно водат кон пожар во домот

1. Погрешно спојување на електричните апарати.

Секогаш оставајте простор околу електричните апарати со цел да не дозволите да се генерира топлина. Сите големи кујнски апарати како шпоретот, фрижидерот и машината за перење садови мора директно да бидат вклучени во свој штекер, а не споени преку продолжен кабел. Доколку неколку од големите апарати се вклучени на еден продолжен кабел, вие ризикувате појава на краток спој кој може да доведе до пожар.

2. Излегувате од кујна додека шпоретот ви е се уште вклучен.

Еден од најчестите причинители на пожар во домот е готвењето. Потребни се само неколку секунди плинот или електричната плоча да создадат оган, па токму затоа и пожарникарите советуваат никогаш да не го тргате погледот од она што го готвите се додека не завршите. Од друга страна, никогаш не заборавајте и на запалените цигари.

3. Ги оставате електричните апарати вклучени кога излегувате од дома.

Многумина денес имаат навика да отидат до маркет додека машината за алишта им е вклучена. Експертите и пожарникарите советуваат никогаш да не оставате електрични апарати без надзор, без разлика за кои станува збор. Исто така кога одите на одмор, исклучете ги од струја сите електрични апарати вклучувајќи ги и телевизорот, компјутерот, ламбите, машината за садови или алишта, фрижидерот… Особено ако подолго време сте отсутни од домот.

Продолжува на страна 2