Поради незнаење јадеме компири на најлош можен начин

2958

Компирот е омилено растенија, содржи јаглени хидрати, кои организмот го снабдуваат со енергија.

Компирот стана темел на храна на голем број луѓе, но проблемот е во тоа што многумина го подготвуваат на нездрав начин.

Тој е многу популарен. За жал, повеќето луѓе го јадат во најлошо можна форма – како помфрит или чипс, кои се полни со многу незгодни транс масни киселини за крвните садови и обично премногу се солени.

Па дури и печените компири се полни со масти, маргарин и други адитиви, како сирењето и сланината. Затоа здравиот компир стана фактор кој придонесува за срцев удар. Но, ако ги одземете масните и солените додатоци, компирот е всушност одличен извор на здрави состојки. Ниско калоричен е, особено е добар извор на витамин Б6, витамин Ц, бакар, калиум и манган, и е полн со влакна. Значи, храна која помага во заштита на крвните садови и анти-канцероген.

Идеален е кога е сварен па посолен, со додаток на маслиново или путер. Здрав е и ако е печен во рерна, но да не е премногу замастен. Сепак, избегнувајте пржени компири.

Непотребно на лош глас поради скробот

Репутацијата на компирот како здрава храна е загрозена поради големиот удел на белиот скроб и јаглехидрати. Но, новите аналитички методи покажаа малку поинаква слика. На пример генетичарот Рој Навара, идентификувал 60 различни видови на фитохемикалии и витамини во компирот, се наведува во студијата Phytochemical Profilers Investigate Potato Benefits од 2007 година.

Некои нутриционисти тврдат дека овие состојки се еднакво моќни исто како и на оние кои се здобија со слава, брокола, спанаќ и кељ, кои штитат од кардиоваскуларни болести, проблеми со дишењето и некои видови рак.

Намалува висок крвен притисок

Тимот на проф. Навара забележал дека компирот содржи високо ниво на кукоамин. Овие молекули имаат способност да го намалат крвниот притисок. Исто соединение досега е пронајдено во доматот и во растението Lycium chinense, т.е. “гоџи“ бобинки. Кората на ова растение, кинеските билкари ја користат со векови за производство на специфични терапевтски инфузии.

Related image

Витамин Б6 – изградба на ќелии

Ако гледаме по концентрацијата на витаминот Б6 – шолја печен компир содржи 21% од дневните потреби – тогаш компирот само по тоа терба да се прогласи за еден од вредните здрави храни.

Витамин Б6 се вклучени во повеќе од 100 ензимски реакции. Ензими те се протеини кои помагаат во хемиски реакции, затоа  витаминот Б6 е потребен речиси насекаде во организмот. Многу од градежните блокови на протеините, аминокиселините, бараат Б6 за синтеза.

Затоа, витамин Б6, од суштинско значење за формирање на речиси сите нови клетки во телото. Создавањето на хем (протеини од нашите црвени крвни клетки) и фосфолипидите (компоненти на клеточните мембрани, што овозможуваат размена на пораки помеѓу клетките), исто така, зависи од витаминот Б6.

Related image

Витамин Б6 – клетките на мозокот и активност на нервниот систем

Витамин Б6 има многу улоги во нашиот нервен систем со акцент на на нервна активност на мозочните клетки. Б6 е потребен за создавање на амин, вид на молекули или невротрансмитер потребен за да пренесува пораки од еден нерв до следниот.

Некои од невротрансмитери кои имаат потреба од витаминот Б6, е серотонинот, чиј недостаток е поврзан со депресија, мелатонин, хормон потребен за добро спиење, епинефрин и норепинефрин, хормони кои ни помагаат да се справиме со стресот, и ГАБА, кој е потребен за нормално функционирање на мозокот.

Витамин Б6 – заштитник од рак и кардиоваскуларни систем

Витамин Б6 игра важна улога во метилацијата, хемиски процес во кој метилните групи се пренесуваат од една молекула на друга. Многу важни хемиски процеси во телото не се можни без метилација, на пример, гените може да се уклучат или исклучат на овој начин. Ова е особено важно во спречувањето на ракот.

Друг начин на кој метилацијата помага во спречување на рак е ‘лепење’ на метилни групи за токсични материи, така што тие се помалку токсични, со што се потикнува нивно исфрлање од организмот.

Метилацијата е важна и за поздрав кардиоваскуларен систем, бидејќи ги менува потенцијално опасните молекули наречени хомоцистеини во бенигни супстанции. Бидејќи хомоцистеинот директно може да ги оштети ѕидовите на крвните садови, во голема мерка ја зголемува прогресијата на атеросклероза, а високото ниво на хомоцистеин е поврзано со значително зголемен ризик за срцев и мозочен удар.

Храната богата со витамин Б6, како што е компирот, може да помогне да се задржи ниско ниво на хомоцистеин. Покрај тоа, храната која е богата со витамин Б6 е поврзан со пониска стапка на срцеви заболувања.

На влакна во кората

Еден печен компир ќе обезбеди 11,7% од дневната вредност на потребни влакна, но запамтете, влакната во компирот се главно во кората. Ако сакате да го намалите холестеролот и ризикот од рак на дебелото црево, потребна ви е поддршка од влакна.

Витамин Б6 – подобра кондиција

Витамин Б6 е потребно за разградувањето на гликогенот, форма на шеќер складирани во мускулните клетки и црниот дроб. Затоа, овој витамин е од клучно значење за издржливост за време на вежбање.