Мелем од вкусови | Пакетите составени од оброци кои ќе ви обезбедат енергија за цел ден

1768

Научните сознанија и искуства се повеќе укажуваат на тесната меѓузависност на исхраната и здравјето на луѓето.

Исхраната е една од најзначајните области на човековото живеење.

Секој човек треба да се стреми кон обезбедување на подобро здравје, а правилната исхрана е еден од најзначајните фактори за постигнување на оваа цел.

Текстов е наменет на сите оние кои се грижат за своето здравје и виталност преку правилен избор на изворите на храна и нејзината адекватна техничка и термичка подготовка, бидејќи храната е вистинскиот фактор за здравјето на луѓето.

Пакетите што ги нудиме се составени од оброци кои ќе ви обезбедат доволно енергија за целиот ден.

Смути

Најдобар начин на исхрана е онаа исхрана базирана на минимално процесирана, природна (најмногу растителна) храна, која е најделотворната за одржување од здравјето и превенција од болести. Внимателно искомбинираните продукти во нашите смути се добра основа за почеток на денот. Свежото овошје, зеленчукот и јаткастите плодови задолжително треба да бидат дел од вашите дневни оброци.

Со блендирање на овошјето и зеленчукот ги разложуваме хранливите влакна, со што му помагаме на организмот полека да ги обработува и да не дојде до нагло покачување на шеќерот во крвта.

Житни оброци

Житните оброци првенствено се состојат од овес кој е една од најквалитетните житарки со висок процент на протеини, најголема застапеност на растителните масти, богат со минерали, микроелементи и витамини. Според тоа овесот не е само високоенергетски извор туку и ризница на вредни состојки со висок биохемиски состав.

Пченицата исто така претставува богат извор на витамини, минерали и микроелементи, таа содржи и витамини B6 и В12 кои се ретко застапени во храната од растително потекло. Кај неа се застапени и сите витамини растворливи во масти
Житните оброци се комбинираат со разновидно овошје богато со витамини кој даваат поголема апсорпција на храната. Бобестото овошје како јагоди, малини, капини, рибизли, бобинки, боровинки итн е еден од најбогатите извори на антиоксидативни компоненти. Тие се и најбогатиот извор на витаминот Ц.

Сувото овошје е вистински концентрат на хранливи материи и енергија, а поради тоа што содржи минерали и витамини, треба да се користи и како диететска храна, а јадењето на повеќе јаткасти плодови, како и семиња може да биде добро за мозокот, имајќи предвид дека ваквата храна е богата со здрави маснотии, омега 3 масни киселини, минерали, но и антиоксиданти.

За квалитетите и придобивките од медот кој е неизоставен во житните оброци, нема потреба да се говори. Самото негово име асоцира на здравје и лек.

Кефирот, добиен од габа, го зголемува неколкукратно квалитетот на основниот продукт, па затоа неминовно беше да се стави и искомбинира со некои од нашите житни оброци.

Пакет за рамен стомак ⇓ на стр. 4

Повеќе информации во Мелем од вкусови

Продолжува на страна 2