Соопштение на Анима Мунди:
Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени 2 мирни бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат Daisy Family Rescue.Тие и повикаа, пријавија во полиција.
Сведоци сме на комплетно бесредие, нарушување на јавен ред мир, загозување на безбедноста на се што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо, ништо, ништо не е унапредено! Активистите за правата на животните се излажани како никогаш до сега, со фрапантни случаи на насилство и институционално (масовно) убивање на бездомните животни се соочуваме буквално секој ден! На кривични пријави за мачење на животните не се постапува (Пехчево, Штип), а камо ли по претставки за Законот за заштита и благосостојба на животните. Системот е во колапс, не функционира ништо.
Не ли се најде итно сторителот – кој не може да е недостижен и невидлив во населба која е пренаселена и има камери на секој чекор – повторно масовно ќе се протестира низ улиците на Скопје и улиците на другите градови! Ниту доверба ниту трпение имаме повеќе, протести ќе има, да не биде изненаден никој!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Фотографиите се достапни на следната страна 2