Приватен детектив открива | Овие 4 знаци го издаваат вашиот партнер дека изневерува … еден 100% е сигурен

5760

Ако сте во брак или сте во долга врска, и чувствувате дека партнерот ве изневерува, веројатно сте во право.

Дури и кога нема доволно докази кои би го поткрепиле вашето сомневање, ако сте жена и вашата интуиција ви сугерира дека партнерот ви набива рогови, големи се шансите дека тоа навистина се случува.

Приватниот истражувач Дејвид Кинг вели дека женската интуиција во 80 проценти од случаите е точна.

“Јас секогаш би се потпрел на женската интуиција”, вели.

Ова се знаците на кои треба да обрнете внимание ако се сомневате дека вашата подобра половина “шара” на страна:

Промени во секојдневните навики

Иако се смета дека жените мамат повеќе, Кинг вели дека бројките се приближно еднакви. Сѐ повеќе жени ги бараат неговите услуги откако ќе забележат некои промени во однесувањето на своите мажи. Според него, партнерот покажува промени во однесувањето, а тоа, првенствено е поврзано со изгледот.

Сомнителна употреба на телефонот

Овој експерт вели дека технологијата го сменила подрачјето на дејствување кога станува збор за брачното неверство. Има големи шанси, неверниот сопруг да остави траги на својот мобилен телефон.

“Може да ги видите пораките што ви изгледаат чудни или се за вас од непознат испраќач, а делуваат прилично интимно. Можеби вашиот партнер почнал од претходно да го сокрива својот мобилен телефон или поставил лозинка, а досега не му била потребна”, предупредува Кинг.

Искажување лутина без причина

Кинг вели дека не се осмелува да ја коментираа психологијата на неверните партнери, но истакнува дека често слушал од жените дека одеднаш станале пречувствителни и лути без суштинска причина. Кога ќе се почувствуваат виновни, мажите се склони кон изливи на бес, што, исто така, им дава причина да ја напуштат куќата.

Барање изговор за да излезат од дома

Партнерите кои одеднаш наоѓаат изговори заради кои не се во можност да бидат дома, веднаш се сомнителни.