Мелем од вкусови | Пакетите составени од оброци кои ќе ви обезбедат енергија за цел ден

3441

Оброк салати

Салатите изобилуваат со различни комбинации на свежи зеленчуци за кои е несомнено значењето во исхраната. Го подобрува метаболизмот, го регулира варењето, ја одржува телесната тежина, а бројнит витамини, минерали и микронутритиенти го обезбедуваат телото со неопходните материи потребни за одржување на здравјето.

Дресингот е исклучиво со ладно цедено маслиново масло – кралот меѓу маслата, салатите се вистински извор на здравје. Ги збогатува салатите со каротеноиди и антиоксиданси, витамин Е, како и незаситени масни киселини. Тоа е вистинска ризница на материи кои го јакнат имунитетот.

Дополнителен извор на протеини, јагленихидрати и многу минерали на салатите им даваат комбинациите со наут, грав, леќа, просо, пилешко месо и туна. Ваквите комбинации овозможуваат бавно ослободување на енергијата и ситост од неколку часа.

Бидејќи козите се многу пребирливи животни, не постои сомневање дека козјото млеко како и продуктите од него, е навистина здраво. Козите се многу брзи, јадат кора од дрвјата, а кога човечка рака му дава нешто, тие навистина нема да пробаат сè, особено ако му се даде скапано или изгризано овошје. Поради овие причини, козјото млеко е побогато со минерали и витамини од млекото од другите животни.

Повеќе информации во Мелем од вкусови

Пакет за рамен стомак ⇓ на стр. 4

Продолжува на страна 3