Еве како на природен начин да ја намалите болката во грбот

1966

Постојат природни начини за да се ослободите од болките во грбот, кои понекогаш се навистина неподносливи. Дознајте кои се тие начини и кажете и збогум на болката!

Постојат неколку посебни точки на долниот дел од грбот, веднаш под половината и над колковите. Кога ќе почувствувате болка, замолете некого нежно да ве измасира баш на тие точки и за брзо време ќе почувствувате олеснување.

Исто така, можете да замолите некој од семејството да ви го измасира грбот со алкохол. Пред да започне со масажата, убаво измијте ја кожата на грбот.

Болките во грбот можете да ги намалите и со масажа со сандалово масло, кое е познато по своите релаксирачки дејства.

Кога кревате или носите тешки предмети, тогаш мора да бидете многу внимателни доколку сакате да ги избегнете болките во грбот и повредите. Најдобро е да се наведнувате со колената, а не со половината.

Зовријте 1 литар вода со ¼ литар оцет и додадете две лажици рузмарин. Оставете да отстои 5 минути и потоа натопете со крпа и нанесувајте на болното место.

Изборот на вистинскиот и правилен душек е многу важно за вашиот грб. Тој не треба да биде премногу тврд, а не треба да биде ни мек.

Пробајте да спиете во позиција на фетус и перницата ставете ја меѓу колената. Доколку спиете на грб тогаш перницата ставете ја под колената.

Пред да станете од кревето, првин легнете на страна, потоа ставете ги нозете на подот и дигнете се во седечка позиција. На овој начин нема да направите многу притисок во долниот дел од грбот.