ЈАВЕН ПОВИК | За млади и неафирмирани пејачи за пријава за учество на фестивалот „Студентско лето 2019“ Маглај

619

Организацискиот одбор на манифестацијата „Студентско лето 2019, Маглај, БиХ објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за млади и неафирмирани пејачи за пријава за учество на фестивалот
„Студентско лето 2019“ Маглај

Ги повикуваме заинтересираните, млади и неафирмирани пејачи во конкуренцијза за народна и забавна музика, на возраст од 17 до 30 години, да се пријават за учество на Фестивалот „Стидентско лето 2019“ кој ќе се одржи на 16.8.2019 година – Вечер на народна музика и 17.8.2019-Вечер на забавна музика во Маглај, Босна и Херцеговина.

Со пријавата, која треба да содржи кратка биографија, податоци за контакт, обврзно треба да се достави и демо-снимка од композицијата која ќе ја изведува учесникот, со оригиналниот тоналитет. Композициите можат да бидат авторски или веќе изведувани, затао што на овој фестивал исклучиво се оценува интерпретацијата, а предност имаат интепретаторите на севдалинки или композиции во духот на севдалинката во категорија за за народна музика.

На фестивалот, сите композиции се избедуваат во живо, без плејбек и матрици и сите изведувачи ги прати фестивалски оркестар, така што изведувачите не може да имаат своја музичка придружба.

Стручната комизија на Организацискиот одбор на Фестивалот ќе одбере потребен број изведувачи.

Организаторот на Фестивалот го задржува правото за јавни изведби. Снимање и репродукција на сите изведени песни.

Трошоците за учество на фестивалските веечери, кои опфаќаат превоз, сместување и храна ги сноси организаторот.

Изведувачите ги оценува Стручно жири, Жири од новинари и публиката, по што ќе бидат прогласени наградените најдобри изведувачи, односно по три интепретатори во двете категории според оцените од жири комисиите и од гласовите на публиката.

Рокот за пријавување за учество на Фестивалот е 10 јуну 2019 година.

Пријавите може да се праќаат на e-mail: studentsko.ljeto@maglaj.ba или на адресата:

Oпштина Маглај-Организациски одбор на манифестацијата „Студенстко лето“, ул. „Витешка“ бр. 4, 74 250 Маглај, БиХ, и на e-mail: dihamag@gmail.com или на адресата Хана Чизмиќ (тел: 062/889-400), Алеја Лилјана 27/12, 74 250 Маглај, БиХ како и на meil: bennaminhasanic@gmail.com телефон 062/386-676 или да испратат порака на Фејсбук профилот Бенјамин Хасаниќ (Benjamin Hasanić).

„Студентско лето“ е фестивал кој за првпат е одржан во 1964 година, според идејата на тогашните млади маглајски стиденти и останатата младина кои одлучиле маглајските лета да ги претворат во фестивали на сонцето, спортот, љубовта и музиката. Средбите на тогашните пејачи’аматери од Тешањ, Добој и Маглај го препородиле градот и благодарение на младешкиот ентузијазам студентите од цела тогашна Југославија со години доаѓале во Моглај и тука ги почнувале своите први музички чекори.

Многу учесници на „Стидентско лето“ денеска се големи музички имиња и творци со забележителна кариера како што се: Северина, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Џулијано, Асим Бркан, Омер Ливњак, Хасиба Агиќ, Горан Герин, Шериф Коњевиќ, Добривое Топаловиќ, Даниел, Слаѓана Милошевиќ и други.

Организациски одбор на манифестацијата