Знаете ли дека секој изневерува? Да, дури и Вие. Вистината е дека секој еден човек мами некако. Не ни верувате?
Видете тогаш кои се различните типови изневери:
Две паралелни врски – ти имаш не само љубовник, но мислиш дека веќе имаш две половини. Тие, се разбира, не знаат една за друга, бидејќи за жал не живееш во ОАЕ и немаш харем. Во таква врска човек обично е растргнат помеѓу двете врски.
Едната му дава едно, а другата друго. На едната ни недостасува едно, а на другата друго. И тоа е нешто сосема нормално, затоа што луѓето се различни и никој не е совршен. Колку и да ти е тешко, треба да избереш една од двете. Инаку ги лажеш не само нив, но и себе, бидејќи овој дуален живот нема да ти донесе ништо добро.
Барање за нешто подобро – од некое време имаш сериозен парнер, работите меѓу вас одат, но сепак ти се погледнуваш постојано во потрага по нешто ново. Понекогаш ти се случува да си замислуваш дека имаш друг партнер, но сето останува во рамките на твоите фантазии и не си изневери партнерот.
Вистината е дека на секој му се случило во некоја фаза од животот да биде искушуван од друг човек. Ако во последно време тоа ти се случува се почесто, разгледај сериозно дали врската те задоволува доволно и дали си среќен, или поточно сакаш да бидеш таков.
Емоционално врзување – некое време си одржувал пријателски односи со некого, но во еден момент работите прераснале и се дошло до сексуален контакт. Ако одлучиш и да ги признаеш своите чувства, тогаш очигледно ги прифаќаш нештата навистина сериозно.
Како што веќе рековме одржувањето на две паралелни врски воопшто не е добра идеја.
Повеќе изневери – знаеш дека кога си со двајца партнер иистовремено, треба да избереш еден од нив. Затоа што не можеш да го направиш тоа, претпочиташ да го изневеруваш на партнерот со различни луѓе и со никој од нив да не се врзуваш емоционално.
Вистината е дека штом не можеш да имаш нормална врска со човекот до себе, подобро е да си побараш некој друг.
Физичко привлекување – од една или друга причина се случило да спиеш со некого. Она што се случило, сепак, не значи ништо за тебе. Најверојатно до оваа ситуација дошло, зашто си изгубил контрола. Нема смисла да признаваш на партнерот што се случило, бидејќи тоа само ќе ги расипе односите . Подобро стори сé повеќе тоа да не се случува.