Кога ќе дојде последниот момент | Последните зборови на великаните непосредно пред смртта!

1428

Каење, страв, непокор, но и духовитост – последните зборови на великаните биле импресивни како и нивните животи. Ви го претставуваме она што на крајот на својот живот, изјавиле Александар Велики, Хемфри Богарт, Марија Антоанета, Моцарт …

Марија Антоанета, кралица на Франција, која на 16 октомври 1793 година била убиена со обезглавување заради предавство, пред да замине за гилотина застанала на ногата на својот џелат и му рекла: “Извинете, господине. Јас не го направив тоа намерно.”

Има гласини дека великанот на класичната музика, Волфганг Амадеус Моцарт, на својата смртна постела, реколе: “Вкусот на смртта е на моите усни. Чувствувам нешто што не е од овој свет.”

Последните зборови на актерот Хемфри Богарт биле шмекерски: “Не требаше да преминам од виски на мартини!”

Но не сакале сите да испратат последна порака пред да зминат на “другиот свет”. Еден од нив бил германскиот филозоф Карл Маркс кој на прашањето на домарот кои се неговите последни зборови возвратил: “Ма, ајде! Последните зборови се за будали кои не кажале доволно”.

Александар Македонски, еден од најголемите војсководци и освојувачи во историјата, пред неговата смрт им порачал на своите наследници: “Царството го оставам на најсилниот!” Но, тие не го послушале и империјата се распаднала.

Џек Даниелс, основачот на истоимената компанија, која произведува виски, порачал кратко: “Последниот пијалок, ве молам!”

Сид Вишиз, лидерот на панк бендот “Секс Пистолс”, ја напишал на својата смртна постела, неговата последна желба: “Имавме пакт за смртта. Треба да го исполнам мојот дел од договорот. Ве молам да ме погребате покрај мојата драга. Погребете ме во мојата кожна јакна, фармерки и моторката. Збогум”. Неговата драга Ненси Спанџен, за чие убиство бил обвинет била Еврејка, па затоа не можел да биде погребан со неа, на еврејските гробишта.

Познатиот комичар и филмска ѕвезда Гручо Маркс, премногу работел и тоа е причината зошто тој се разболел. Тој починал од пневмонија и последното нешто што го изјавил било: “Јас умирам, драга моја? Затао што тоа е последното нешто што ќе го направам!”

Сликарот Салвадор Дали, бил свесен за својата големина па порачал: “Јас не верувам во својата смрт!”

Последните зборови на американскиот актер Џим Харкинс биле: “Јас сакам да умрам мирно во мојот сон, онака како што умре мојот дедо. Не врескајќи од страв како патниците во неговиот автобус!”

“Парите не можат да купат живот”, порача Боб Марли на неговиот син Зиги пред неговата смрт на 11 мај 1981 година.