Лоши навики кои неизбежно водат кон пожар во домот

2939

4. Користите стари и оштетени продолжени кабли.

Тие можат да создадат струен удар и на тој начин да го зголемат ризикот од пожар во домот. Топлината и искрите кои ги создаваат „отворените“ жици во кабелот можат лесно да дојдат во контакт со лесно запаливи предмети (тепих, крпа…) и за само 30 секунди да создадат огромен пожар.

5. Не ја чистите сушалната за алишта.

Поточно, не го чистите редовно филтерот и просторот околу вратата каде што се собираат остатоци од материјалите. Доколку тие се насоберат, топлината од сушалната може да предизвика да се запалат и да создадат пожар. Дури и бојлерот на плин може да експлодира и предизвика пожар доколку не го одржувате редовно, исто како и обичниот кој не се чисти од камени наслаги.

6. Не ги гасите свеќите.

Не заборавајте дека доволна е само една мала свеќа за да создаде огромен пожар, додека вам ви е потребна само една секунда за да ја изгасите. Доколку имате домашни миленичиња, погрижете се дека таа ќе биде вон нивниот дофат бидејќи тие можат случајно да ја турнат на поминување.

7. Го одложувате чистењето на оџакот.

Потребно е два пати годишно да го чистите и проверувате вашиот оџак, еднаш пред сезоната на греење и еднаш по неа, со цел да се заштитите од неочекуван пожар кој би можел да го уништи вашиот дом.